Англискиот фудбалски првак го загуби Ромелу Лукаку кој премина во Манчестер Јунајтед, а ќе остане и без Диего Коста кој соопшти дека се враќа во Атлетико Мадрид, па се обидува да дојде до таа класа напаѓач кој, пак, веројатно никако нема да го напушти Јувентус. Сините нудат 100 милиони фунти за Гонзало Игуаин кој одигра само една сезона во Торино, но освои титула во Калчото, а и го носеше тимот до финалето во Лигата на шампионите.
Првичните информации од Јуве се дека е беспредметно да се разговара за играчот кој даде 24 гола во 38 средби во Серија А плус 5 во ЛШ, но ништо не е исклучено особено што лани тој беше купен од Наполи за 90, а веќе сега цената му е 30 милиони евра повеќе, а и затоа што овие фрапантни 100 милиони фунти можеби не се последната понуда од Челзи.





