Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер најави дека неговата земја може да ја доживее најголемата економска рецесија од 1945 година, како резултат пандемијата на коронавирус.
Според владини податоци, бројот на невработени лица како резултат на епидемијата во земјата се искачи на пет милиони.
Отпуштените ќе добијат 70 проценти од нивната бруто плата од државата како компензација, пренесе Ал џезира.





