„Сакам да испратам посебна благодарност до унгарската влада која во овие тешки моменти за сите, одвои средства и испрати помош за македонските граѓани“, напиша на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. во врска со денешната посета на шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто нкој донесе медицинска помош за Македонија.
„Благодарност до премиерот Виктор Орбан и до целата влада од која минатата недела побарав, а денес испорача помош значајна за нашите луѓе кои се борат да спасат животи.
Воедно благодарност што во услови на затворени граници, ова ќе биде прва официјална посета на земја членка на ЕУ во овие кризни времиња. Пријателите се познаваат во тешките моменти. Истовремено ќе продолжам да лобирам, остварувам контакти и во рамките на можностите да барам помош за нашата земја“, напиша Мицкоски.
Тој вели дека ќе ѝ биде предложено на владата „парична награда за оние кои се вклучени во заштитата на здравјето и борбата против короната. Потребна е поддршка и заедничка грижа за хероите“, пишува Мицкоски.







