Хрватскиот министер за труд Јосип Аладровиќ не ја исклучува можноста државата да воведе скратување на работната недела поради епидемијата на новиот коронавирус.
Тој рече дека е најавена седница на Економско-социјалниот совет, на која работодавците, синдикатите и Владата ќе се обидат да постигнат консензус за тоа каде би можеле да се направат можни заштеди.
„Во овој момент, ние се решивме за мерките што ги презентиравме минатата недела, но јас не би ја исклучил мерката за скратување на работната недела“, рече Аладровиќ.





