Борис Џонсон ќе продолжи да ја предводи владата на Велика Британија и покрај тоа што ја мина ноќта во болница поради инфекцијата со „Ковид-19“, изјави државниот секретар Роберт Џенрик. Премиерот, исто така, ќе биде подложен на серија тестови во текот на денот.
Иако Џонсон е во болница, тој сè уште ја води владата на Велика Британија, рече Џенрик
„Тој работи исклучително напорно, ја води владата и постојано се информира и тоа ќе продолжи“, рече Џенрик за ТВ Би-Би-Си.
Џонсон(55) синоќа беше хоспитализиран во Лондон со повишена температура откако 10 дена помина во самоизолација поради позитивниот тест на коронавирус!





