Вакцината против Ковид-19 веројатно ќе биде развина до крајот на годината.
Но, животот ќе може да се врати во нормала само откако вакцината пќе биде достапна до сите луѓе на планетата, смета основачот на Мајкрософт и филантроп, Бил Гејтс кој подолго време предупредуваше дека светрот може да се соочи со опасна пандемија.
Зборувајќи за „Фокс њуз“, Гејтс рече дека треба да се работи брзо за развој на новата вакцина и тоа во „милијарди дози“, пренесува Хина.
Развиените земји како САД, порано или подоцна ќе можат да се изборат со коронавирусот, но тој мора да биде поразен ширум светот, вели Гејтс.
„Нештата нема да се вратат во нормала се додека вакцината не е достапна практично за целиот свет“, рече Гејтс, кој минатата недела ја повика американската влада да започне со изградба на фабрики за развој на вакцини за борба против вирусот корона.






