Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи го коментира начинот на справување со коронакризата во Македонија, со акцент на „алергијата“ на власта на укажувањата од критичарите како ВМРО-ДПМНЕ, Бранко Героски итн.
„Не врви веќе тактика ‘ако непослушен, залепи му вмројна, геројна’. Нешто не штима во пристапот, а Куманово е несреќен пример кој треба да ги замисли и СК, ТЕ, БТ итн. Дебатата за линии, тела-антитела, кој-дал-недал е задоцнета и беспредметна. Време е за lockdown и тест-тест-тест“, порача на Твитер поранешниот амбасадор.




