Македонија да го прогласи Денот на НАТО за официјален празник, сугерира Фелингер!

Австрискиот економист Гинтер Фелингер, претседател на организацијата Европејци за даночна реформа (ЕТР), која се залага за рамен данок, ѝ сугерира на Македонија да го прогласи Денот на НАТО за официјален празник.



„Ако Албанија не е подготвена, или Црна Гора, зошто да не се почне со прогласување на 4 април за официјален празник Ден на НАТО во Северна Македонија?“, прашува на Твитер генералниот секретар на Бизнис заедницата на Централна и Источна Европа (ЦЕЕ БЦ), обраќајќи се до повеќе адреси од власта и од опозицијата на денешната 71-годишнина од основањето на Северноатлатнската алијанса.