Радев: Сиромаштијата е пострашна од коронавирусот

„Сиромаштијата не е спас од вирусот. Наскоро, поради страв би можела да настапи глад, а последиците би можеле да бидат попогубни од самиот коронавирус“, смета бугарскиот претседател Румен Радев кој ја критикуваше владата за намера да ја продолжи вонредната состојба во земјата, која беше воведена на 13-ти март.



Според него, тоа предизвикало негативни последици по општеството и економијата.

„Мерките за итни случаи го забавуваат растот на бројот на пациенти, но доведоа до социјална парализа и невидена социјална и економска криза. Невработеноста се зголемува од час во час, илјадници бизниси ја прекинуваат својата работа. Многу Бугари имаат итна потреба од помош.

Според него, Бугарија мора да постави јасна национална цел – да се врати повеќе или помалку нормалниот живот, производството и слободното движење на луѓето.

Вчера, министерката за социјална политика и труд Деница Сачева изјави дека повеќе од 31.000 Бугари ги загубија своите работни места уште од 13 март, кога беше воведена вонредна состојба.