ВМРО-ДПМНЕ бара итно укинување на државната матура за учебната 2019/2020 година за сите ученици. Од опозициската партија бараат Владата да донесе Уредба со која ќе се овозможи запишување на факултет без матура за сите ученици кои завршиле средно образование во оваа учебна година.
„Оние ученици кои заради понатамошниот образовен процес, надвор од Република Македонија имаат потреба од полагање на матура, истото да можат да го сторат во септември“, изјави Христина Серафимовска од ВМРО-ДПМНЕ.






