Американскиот претседател се заблагодари на Русија за донираната медицинска опрема што ќе помогне за справување со пандемијата пандемија.
„Многу убав гест на претседателот Владимир Путин. Реков дека ќе ја прифатам неговата помош. Јас воопшто не сум загрижен со Русија и пропагандата, ни најмаѝлку. Јас прифатив многу квалитетна медицинска опрема. Може да спаси многу животи, и секогаш би прифатил“ рече Трамп на прес-конференција, зборувајќи за помошта во медицинска опрема која вчера пристигна во Њујорк.
Според најновите податоци, во САД бројот на заразени со корона надмина 245.500, од кои над 6.000 починале. Вкупниот број заразени во светот надмина еден милион луѓе.






