Не поминаа ни два месеци а владиците на МПЦ – Охридска Архиепископија заборавија на своите децениски блиски партнери од ВМРО – ДПМНЕ и се свртеа кон новиот стратешки партнер СДСМ. Тие на средба во владата на архиепископот Стефан и членови на Светиот Синод му се жалеле на премиерот Заев за лошите односи со предходната влада.
Во време на владеењето на ВМРО – ДМНЕ МПЦ – ОА доби десетици милиони евра вредни имоти на име денационализација и ниту еднаш не излезе во јавноста со пораки какви што му ги пренесле на премиерот на средбата во владата.
Иако одвреме навреме МПЦ имаше судири со премиерот Груевски како на пример за имотот околу Свети Наум каде што требаше да гради контраверзниот Индиец Субрата Рој, сепак владици и архиепископот редовно учествуваа на сите настани организирани од владата а и премиерот Груевски и министрите редовни беа главни гости на црковните настани.
Огромните имоти вредни според познавачи на состојбите вреднни десетици милиони евра, кои што благодарение на ВМРО – ДПМНЕ сега се сопственост на МПЦ – ОА, најверојатно беа причина што владиците досега молчеле за „маките“ што ги имале со предходната власт.
На средбата која се одржала вчера попладне покрај премиерот биле присутни и министерската за образование и за култура, Рената Дескоска и Роберт Алаѓозовски како и министерот за МВР Оливер Спасовски.
Средбата е организирана со посредство на Стумичкиот владика Наум кој важи за близок пријател на премиерот Заев а на неа не бил дел од владиците кои што се блиски на ВМРО – ДПМНЕ.
На средбата владиците го напаѓале ВМРО – ДПМНЕ дека со нив имале образовни проблеми, се случувала долгогодишна негрижа на црковното културно наследство, узурпација на црковно земјиште, а за тоа немало политичка волја за решенија.





