Втори април 2020 година ќе биде запишан во борбата со коронавирусот како ден во кој бројот на заразени надмина еден милион, достигнувајќи 1.004.533, што е за 69.337 повеќе од претходниот ден.
Бројот на смртни случаи се искачи на 51.560 (+4.368), а тој на оздравени лица е 206.376 (+12.774).
Речиси една четвртина од бројот на заболени се во САД, вкупно 238.386 (+23.833), а следуваат Италија со 115.242 (+4.668), Шпанија со 110.238 (+6.120), а Кина ја престигна и Германија со 84.688 (+6.707).
Италија и понатаму е на врвот по бројот на починати и вкупно (13.915), и во последните 24 часа (760), а веднаш зад неа се Шпанија со 10.096 (+709), САД со 5.768 (+666).




