Коронавирусот коси во Шпанија: 950 починати за еден ден

Енормно се зголемува бројот на починати и новозаразени лица со коронавирусот во Шпанија: За 24 чќаса починаа 950 лица а дури 8.000 се детектирани како новозаразени.



Доколку така продолжи Шпанија многу брзо би можела да ја помине Италија според бројот на заразени лица.

Медиуми предупредуваат дека здравствениот систем на Шпанија е пред колапс, зашто заразени со Ковид 19 се дури 12.000 медицински работници.