Александар Маленко се разведе по 4-ти пат

Поранешниот македонски пливач Александар Маленко се разведе по четврти пат. Тој на утринската емисија „Добар ден, секој ден“, на Алфа најави дека веќе некое време не живее заедно со сопругата Фани со која има два сина.



Маленко зад себе има четири брака и пет деца, а има и едно внуче, од ќерката Лора, која ја доби во бракот со Сузана Турунџиева.