Македонија воведе санкции за Турција!?

Македонија, Црна Гора, Албанија, Исланд и Ерменија се приклучија на санкциите на ЕУ против Турција за нејзините сондажни операции во потрагата по природен гас во слободната економска зона (ЕЕЗ) на Република Кипар, стои во соопштението на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, издадена во Брисел.



„Земјите-кандидатки (за пристапување во ЕУ) Република Северна Македонија, Црна Гора и Албанија, Исланд, како и Ерменија ќе се приклучат на оваа одлука на Советот. Тие ќе обезбедат дека нивните национални политики ќе бидат во согласност со одлуката на Советот. Ја поздравуваме оваа заложба“ се вели во соопштението.

На ова, од партијата за Движење за национално единство на Турците реагираа дека „како критична маса и совест на Турците на Македонија изразуваме огромно незадоволство и најенергичен протест против оваа одлука на владата“

Тие бараат владата да се огради од најавените санкции бидејќи тоа претставува мешање во внатрешните работи на други земји.