Институтот за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ го претстави во Загреб системот на тестирање од коронавирус врз граѓани додека седат во нивните автомобили.
Тоа е тест кој е сигурен, а од земање брис до лабораториска дијагностика се потебни само само три и пол часа, пишува Хина.
„Ова мобилно земање мостри го нарековме„drive in “ со намера граѓани да дојдат со автомобил и дека примерокот ќе се земе многу брзо а автомобилот ќе продолжи понатаму“, вели раководителот на Клиничка микробиологија, Јасмина Вранес.





