Приходите во буџетот поради состојбата со коронавирусот ќе паднат од 20 до 40 отсто, а тоа ќе доведе до дупка во буџетот меѓу 700 милиони евра и 1,3 милијарди евра, соопшти министерката за финансии, Нина Ангеловска.



Според министерката најтежок период за економијата ќе биде вториот квартал односно месеците што следат април, мај и јуни,но неизвесно е и за останатите два квартали бидејќи не се знае кога ќе започе закрепнувањето.

Според првото сценарио, предвиден е пад од 20 отсто односно намалување на приходите за околу 700 милиони евра, вели миснистеркаѕа.

Според второто, падот на буџетските приходи би изнесувал околу 30 отсто со што потребите би се зголемиле за околу една милијарда евра.

„И кај третото најнеповолното доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле околу 1,3 милијарди евра“, предвидува минитерката Нина Ангеловска.

Ова малу поече отстапува од предвидувањата на лидерот на СДСм и екс-премиер Зораз Заев кој говори за 2,2 милијарди евра минус во буџетот.