Македонец од Кралскиот универзитетски колеџ со рецепт за победа против коронавирусот (ВИДЕО)

Професорот Гоце Андревски кој предава и стратешки менаџмент на Кралскиот универзитет во државата Онтарио во Канада со анализа на мерките кои можат да доведат до успех во битката против Коронавирусот во Македонија.



Анализата на професорот Андревски е направена врз основа на чекорите и плановите што ги преземаат американските и канадските власти.

Андревски антиципира отворање на американската и другите силни економии во моментот кога ќе се зголеми здравствениот капацитет на секоја држава.

Според него затварањето на економијата и умртвување на бизнисот и потрошувачката нема да донесе резултат.

Своите ставови кои се дијаметрално спротивни на македонската влада Андревски ги образложи во вчерашното издание на емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа.