Властите во Шпанија потврдија дека бројот на заразените во земјата е повеќе од 100.000.



Според порталот „Worldometer“ до 12 часот во средата, тој број достигна 102.136.

Петти ден по ред, за 24 часа починале 800 луѓе.

Шпанија е трета земја во светот според бројот на заразени со Ковид 19.

Според најновите податоци, САД регистрирале 188.592 и Италија 105.792 пациенти.