Русија испрати медицинска помош во САД, Трамп благодарен


Руски воен транспортен авион полета утрово од аеродром во близина на Москва и се упати кон Соединетите држави со медицинска опрема и маски како итна хуманитарна помпш на Вашингтон за справување со коронавирусот, пренесе Ројтерс.



Летот, кој го организираше руското Министерство за одбрана, веројатно ќе биде непопуларен за некои критичари на Трамп, кои го повикаа да задржи дистанца од Путин и кои тврдат дека Москва ја користи помошта како геополитичка и пропагандна алатка за да го зголеми своето влијание , нешто што Кремљ го негира, пренесе агенцијата.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков синоќа изјави дека помошта била договорена во понеделникот за време на телефонскиот разговор помеѓу претседателот на Русија, Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Песков наведе дека Русија понудила помош во вид на медицинска и заштитна опрема, свесна за „тешката епидемиолошка ситуација“ во САД.

„Трамп со благодарност ја прифати оваа хуманитарна помош“, посочи Песков.

Портпаролот на Кремљ наведе дека Путин нудејќи им помош на САД, имал во предвид, кога американските производители на медицинска опрема обезбедат резерви да и врата на Русија на ист начин. Тој додаде дека на таков принцип соработуваат Мосва и Пекинг.