Белата куќа проценува дека меѓу 100.000 и 240.000 луѓе ќе умрат во САД како резултат на епидемијата од коронавирус.
И тоа ако луѓето се придржуваат кон упатствата за оддавање оддалеченост, пренесе АП.
Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди Американците дека следат „две многу тешки недели“ во борбата против ширењето на коронавирусот.
„Апсолутно е нужно за американскиот народ да ги следи упатствата во наредните 30 дена. Тоа е прашање на живот и смрт“, рече Трамп на прес-конференција во Белата куќа.
Сепак, Трамп смета дека САД наскоро ќе видат „светло на крајот од тунелот“.
САД се на прво место во светот со регистрирани 185.707 заразени 3.789 починати лица.
Само во последните 24 часа починаа 800 лица.
Смртноста без акција би можела да биде многу поголема, со некои проценети 1,5 до 2,2 милиони жртви, рече Трамп.






