Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи реагира на објавата од портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој го нападна ВМРО-ДПМНЕ за критиките кон власта за економските мерки во кризата предизвикана од коронавирусот.
„Прототип на бездушен, дехуманизиран политички младинец кај нас и во сите пол-партии. Нула чувство за приоритети на мнозинството кое не се наоѓа во ‘ние’ и ‘тие’.
‘Костадинов: Ние пиштевме од нивниот терор, тие пиштат од нашите позитивни мерки и успеси’“, напиша на Твитер поранешниот амбасадор.





