Државниот секретар во Министерството за здравство со чудно барање од граѓаните. Функционерот на СДСМ Владимир Милошев бара тие во себе да му се заблагодарат на лидерот на неговата партија.
Оваа досега невидена јавна порака на партиски функционер во демократска земја Милошев ја дава откако Заев прво најави дека буџетот на Македонија ќе биде за речиси 60 насто помал од предвидениот а администрацијата треба да зема минималец од 14,500 денари.
“Кажете си , макар и во себе
#благодарамЗоранЗаев
#НАТО
#ЕУ
#ИДНИНА”, напиша Милошев на социјалните мрежи.
Лидерот на СДСМ предходно во повеќе наврати за шепотење го користеше зборот “шупоте”.




