Министерот за здравство Венко Филипче, денеска соопшти дека разрешената директорка на Кклиниката за копжни болести, Нина Цаца Биљановска, е пуштена од Инфективната клиника и моментално е на домашно лекување.
Биљановска беше разрешена бидејќи не ги почитувала мерките за заштита поради коронавирус и по враќањето од Италија, таа продолжила да оди на работа.
Таа беше дијагностицирана како позитивна на коронавирусот на 9 март, поради што сите вработени на Клиниката за кожни болести и пациенти беа во упатени во самоизолација, а Клиниката до денеска бешер под клуч.






