Кренато македонското знаме пред седиштето на НАТО


Пред седиштето на НАТО пред попладнево подигнато македонското знаме откако земјата стана и официјално 30-та земја членка на Алијансата.



Свечената церемонијата помина без медиуми поради епидемијата од коронавирус, а на неа се се обрати генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„30 знамиња ќе се веат пред НАТО. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа после години на посветеност и заложба за реформите. Приклучувањето на Алијансата е важно за Северна Македонија, за стабилноста на западниот Балкан и за меѓународниот мир и  безбедност. Во времиња како ова пријателите и сојузниците се најважни, а Северна Македонија ги има најдобрите пријатели и сојузници“, рече Столтенберг.