Почина 79-годишен пациент на Инфективна клиника од Ковид-19


Пациент од Дебар на 79.годишна возраст почина денеска на Клиниката на инфективни болести, соопшти Министерството за здравство.



Пациентот бил дијагностициран со коронавирус на 23 март, а на 25 март бил примен на Клиниката со влошена здравствена состојба.

Со ова бројот на починати од епидемијата на Ковид-19 во земјава е седум.

Од Министерствто соопштија и дека во последните 24 часа се реистрирани нови 26 заразени со коронавирус.