Унгарската авиокомпанија „Виз ер“ ќе ја продолжи cуcпeнзијaтa на сите летови од и до Скопје до 30 април, како резултат на пролонгираните зaбpaни за патување на сите летови од и до Република Македонија.
Компанијата денеска соопшти дека патниците кои резервирале билети директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака.
Сто и дваесет проценти од целата сума ќе им бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на Wizz Air.
Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите – за која треба подолго време да се реализира и ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка во посебна електронска порака со можност да им биде вратен целиот износ за билетите.




