Петров: Владата ги заборави занаетчиите!?

„Занаетчиите никогаш не плачеле, никогаш не молеле, занаетчиите биле цврст камен кои се бореле во време и во невреме, но сега дојде моментот и да плачеме и да молиме и да кумиме за помош сѐ со цел да не загасне и ова занаетчиство кое го имаме во Скопје“, вели претседателот на Занаетчиската комора – Скопје, Никола Петров.



Егзистенцијата на цели семејства на 5.800 занаетчии и околу 3.300 вработени е доведена во прашање.

„Со досегашните мерки од Владата, занаетчиите не се опфатени во ниту една мерка. Оние кои се предлагаат деновиве, а кои се на разгледување, опфаќаат субвенции на минимална плата за вработените, а придонесите остануваат на товар на работодавачот. Проблем имаат оние кои вршат самостојна дејност, самовработени лица, затоа што немаат обврска да плаќаат плата за себе, туку да плаќаат придонес за задолжително пензиско и здравствено осигурување“, вели Петров кој вели дека до Владата бил поднесен предлог со анти-кризни мерки, за кои досега немаат никаков одговор, пишува „Плусинфо“.