Трамп за епидемијата: Ќе биде добро ако го задржиме бројот на починати под 100.000

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја прошири препораката за социјално дистанцирање низ целата земја за 30 дена, до крајот на април.



Трамп ја донесе мерката откако експертите предупредуваа на опасност од ширење на коронавирусот, дека милиони Американци ќе бидат заразени со коронавирус и би можеле да умрат помеѓу 100.000 и 200.000 луѓе.

Трамп за Си-Ен-Ен изјави дека доколку бројот на загинати би бил помалку од 100.000 , тоа ќе биде „добра работа“.