“Замислете Борис Џонсон да го користи официјалниот сајт на британската влада за партиска пресметка со лабуристите, или Доналд Трамп наместо преку Твитер со демократите политички да се пресметува преку веб порталот на Белата Куќа притоа објавувајќи од таму лична и тајна преписка со спикерката на Конгресот Ненси Пелоси. Кршете глаата, имате партиски портали и медиуми вадете си ја душата таму а не на владиниот сајт каде чекаме официјални информации за живот и смрт”.
Ова е еден од коментарите на социјалните мрежи за соопштението објавено на официјалната веб страна на Владата во кое таа води политичка пресметка со лидерот на опозицијата.
Во коментарите луѓето прашуваат како е можно во екот на најголемата криза во историјата на Македонија владеачката партија СДСМ да користи јавен ресурс за политичка пресметка.
За оваа ситуација досега не реагирале ниту Здружението на новинарите на Македонија, ниту Советот за етика во медиумите ниту Македонската асоцијација на новинарите. Иако тие немаат статутарни или законски ингеренции за овој проблем сепак имаат морално право да ги предупредат политичарите и партиите да внимаваат на кој начин не треба да ја шират партиската пропаганда.
На што се однесуваше владиното соопштение
Мицкоски ја обвини Владата за криминал, Рашковски објави преписка за профитерство (ФОТО)





