Поради тоа што 66-годишната стружанка не била примена во болница и покрај препораката на матичниот лекар, ќе биде разрешена директорката на болницата во Охрид.
Министерот за здравство Венко Филипче извести дека во тек е истрага за целиот случај.
„Утре директорката ќе биде разрешена, ќе биде поставен нов директор. Денс на увид се инспектори од Државниот санитарен и здравствен инспекторат за утврдување на одговорноста на сите други вклучени во овој процес и согласно информациите ќе се одлучува понатаму за одговорноста на луѓето вклучени во овој случај“, рече министерот Филипче.




