Во ерата на незабележан технолошки развој во историјата на човештвото, а дури и најбогатите земји се жалат на недостиг од заштитни маски во пандемијата од коронавирусот, бабичка од Полска реши да ја земе работата во свои раце.
„Запознајте ја Јанина. Јанина има 96 години. Таа е од Швидница, Полска. Кога слушна дека нема доволно маски, таа се стави во акција. Јанина сега ги поминува деновите шиејќи маски за опремување на медицинскиот персонал. Така изгледаат секојдневните херои“, објави „Вишеград 24“ на Твитер заедно со фотографијата од полската хероина покрај нејзината машина за шиење.







