Велика Британија ќе помине добро ако епидемијата на коронавиурусот заврши со помалку од 20.000 мртви, вели Стивен Повис, директор на Националната здравствена служба.
Тој на владината конференција за новинари рече дека сè уште не се исполнети сите единици за интензивна нега во Лондон, но и дека здравствените служби подготвуваат повеќе објекти за да примаат пациенти со критична нега, пренесува Ројтерс.





