Русија направила препарат за лечење од коронавирус!

Федералната агенција за биомедицина на Русија (ФМБА) соопшти дека направила препарат за лечење од коронавирус врз основа на антималарискиот лек мефлоквин.



Препаратот ги блокира цитопатолошките ефекти на коронавирусот на ниво на ќелии и го запира неговото размножување, објаснува Агенцијата.

Покрај тоа, имуносупресивното дејство на мефлоквинот блокира какви било воспаленија по заразувањето на лицето и со самото тоа овој препарат обезбедува ефикасно лечење на пациентите заболени од коронавирус во различни фази на инфекцијата, нагласуваат од ФМБА.

Според бројот на заразени од Ковид-19, најголемата држава во светот е на 33. место со 1.264 регистрирани, од кои 228 во последните 24 часа, но има само четири смртни случаи и 49 излечени досега.