Најави ли Џабир Дерала отказ за директорот на Агенцијата за медиуми? – пишува Горан Момироски

Неколку дена откако директорот на Агенцијата за медиуми (АВМУ) Зоран Трајчевски во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа откри низа аномалии во однос на македонските медиуми, денеска стигна порака за неговиот настап.



Во текст на Џабир Дерала инаку шеф на невладината организација ЦИВИЛ која освен што мониторира избори контролира и два медиуми (Цивил медиа и Фронтлајн) против Трајчевски се изнесуваат низа шпекулации, лажни вести и обвинувања за кои авторот не дава ниту еден доказ.

Во својот текст „Срамота“ Дерала освен навреди, претпоставки и заклучоци не дава ниту еден контраргумент на тоа што Трајчевски и домаќините го изнесоа во емисијата на Алфа.

Во емисијата Трајчевски зборуваше за тешката состојба во македонските медиуми, за регистарот на медиуми на ЗНМ кој владата го прифати како основа за давање пристап до владините прес конференции, за немањето комуникација со министерот Манчевски кој е одговорен за решавање на проблемите со медиумите. Во својот настап Трајчевски откри дека за разлика од медиумите кои важат за критички кон власта, медиумските политики и јавни настапи на владаечката партија се базираат на контроверзниот Саше Политико.

Она што е индикативно а кореспондира со информации од владеачките структури дека во СДСМ има огромно незадоволство од настапот на Трајчевски на Алфа за што се барало и одговорност, е тезата на Дерала дека по емисијата Трајчевски заминува од својата позиција во АВМУ.

Што е тоа што го знае Дерала за да има лично убедување дека со настапот на Алфа Трајчевски ја завршува својата кариера како шеф на регулаторното тело за медиуми?

„Според моето лично убедување, ова е неславен крај на една и онака не многу славна кариера. Разочарувачки е, иако не сум изненаден, тоа што толку приземно се злоупотреби функцијата и самата институција, АВМУ, за пресметка со мене“, пишува Дерала.

Тој е уверен дека по настапот на Алфа нема сила што може да го спаси Трајчевски.

„Во секој случај, ништо не го спасува директорот на АВМУ од мизеријата на заборавот што и да направил, ако направил, добро во животот“, пишува Дерала без никаква дилема за крајот на Трајчевски како шеф на агенцијатга за медиуми за кого отворено бара да биде сменет со зборовите: „Освен ако не им ставиме крај на привилегиите на функционерите за кои гласно говориме веќе долго време“.

Дерала во текстот пишува дека на Трајчевски му истекол мандатот што е ординарна лага која што за две минути може да ја провери секој што сериозно седнал да пишува некаков сериозен текст. Освен ако свесно не сакал да пласира лажна вест во обид да сокрие други матни игри на луѓето кои стојат зад него.

Авторот на текстот Дерала се преставува за новинар и невладин активист но не ги демантира наводите искажани во емисијата на Алфа дека освен што е лидер на невладина организација која набљудува избори, води два медиумски проекти кои отворено ги бранат политиките на Зоран Заев. Во исто време тој беше говорник на партиски марш на СДСМ на кои власта сама од себе бараше да се спроведе правда.

За навредите и лажните вести на Дерала против авторот на оваа колумна ќе оставам читателите сами да проценат колку се тие реални.

Текстот на Дерала уште еднаш го потврди сомневањата дека владечката СДСМ сака да воспостави тотална контрола врз македонските медиуми. Нападите кои започнаа од група новинари, активисти на СДСМ и владини апартачици врз авторот, продолжија со директен напад на СДСМ против Алфа ТВ по што еден новинар беше осуден на затворска (условна) казна а владата донесе одлука од пресовите на државните институции да се елиминираат сите критички настроени медиуми.

Според она што го пишува Дерала денеска не може а да не се помисли дека поради својата отвореност и критики за власта директорот на Агенцијата за медиуми Зоран Трајчевски е следниот за отстрел од владата контролирана од СДСМ за кој на оваа важна позиција за демократијата најдобро решение би бил профил како Џабир Дерала.

Текстот на Дерала

Срамота!

Емисијата на Алфа ТВ каде што гостуваше Трајчевски

Маршот на СДСМ на кој говорник беше Дерала