Дури 832 лица починале во Шпанија во изминатите 24 часа починале од коронавирусот, соопшти шпанското Министерство за здравство.
Со тоа, бројот на смртни случаи во Шпанија достигна 5.960 лица, а вкупниот број на регистрирани заболени лица е 72.248.
Шпанија е една од најпогодените земји од ковид-19 по Италија, каде исто така рапидно продолжува да расте стапката на смртност.
Според најновите податоци, вкупно во светот досега се регистрирани 600 859 луѓе заразени со коронавирус. Од нив починати се 27.417, а биле излечени 133.426 лица.





