Поранешната хрватска европратеничка Маријана Петир реагира на честитката од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за официјализирањето на членството на Македонија во Алијансата.
„Македонија поради блокадата од Грција изгуби години во процесот на пристапување во НАТО и во ЕУ, иако двете организации повеќе пати потврдија дека Македонија ги исполни сите други услови. Штета е што некогаш најнапредната држава од Западен Балкан беше оставена во чекалницата повеќе од 10 години. #НикогашСеверна“, одговори Петир на објавата од Столтенберг на Твитер: „Добредојде во НАТО Северна Македонија! Патот беше долг, но сите ваши напори се исплатија. Формалниот процес на пристапување сега е завршен и драго ни е што ја имаме 30. членка на нашата алијанса“.





