Политичкиот аналитичар Арсим Зеколи со саркастичен коментар за зеленото светло од Европската унија за отворање преговори со Македонија и со Албанија.
„Објавата за отворање преговори со Албанија и со Македонија сега звучи како оркестарот на ‘Титаник’. Евролидерите како Вархелји треба да ги отворат очите и да се подготват за променет свет наместо да се држат до опсесии од една мината ера“, реагира на Твитер поранешниот амбасадор.




