Би-би-си јавува дека британскиот премиер Борис Џонсон е позитивен за коронарниот вирус.
Џонсон на Твитер бјави видео, во кое информираше за ова и рече дека покажува благи симптоми.
„Имам треска и цело време кашлам. Направив тест за вирусот корона и беше позитивен. Затоа работам од дома и се самоизолирам“, напиша Џонсон.
Информациајта беше потвртдена и од кабинетот на премиерот на „Даунинг стрит 10“ од каде соопштија дека Џонсон бил тестиран во седиштето на Владата.
До пред десетиназ дена Џонсон тврдеше дека на Британија не ѝ е потребен карантин и дека на коронавирусот треба да се одговори со сосздавање на колективен имунитет при што „многумина ќе умрат“.




