По телефонскиот повик со кинескиот претседател Си Џинпинг претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека Вашингтон и Пекинг тесно соработуваат за борба против новиот вид коронавирус.
„Тукушто имав добар разговор со кинескиот претседател Си Џингпинг. Детално разговаравме за коронавирусот и неговото брзо ширење низ целиот свет. Кина постигна голем напредок во откривањето на вирусот. Тесно соработуваме“, напиша Трамп на Твитер.
Во САД има повеќе од 85.000 случаи на заразени со коронавирус – повеќе отколку која било друга земја во светот, а бројот на починати надмина 1.200.





