Министерот за образование и наука Арбер Адеми не ја исклучува можноста матурските испити да се поместат во јули.
„Во нормални, редовни околности, требаше да се организира во јуни, но тие рокови ние може да ги поместиме во јули“, ерече министерот во претпладнево во гостување во емисија на Канал 5.
„ Дај боже час поскоро да заврши оваа состојба со која се соочуваме сега, но нема простор за загриженост зашто ние можеме да направиме измена и дополнување на калнедарот на организирање на учебната година за сите јавни средни училишта. Така ќе се дефинира и кристализира датумот за државната матура. Ако не во јуни, ќе биде во јули. Веќе имам таков конкретен предлог од Државниот испитен центар,“ рече Адеми во гостувањето на Канал 5.






