Облечени во ќеси за ѓубре како заштита од коронавирусот.
Неверојатната фотографија која со молскавбична брзина се споделува на социјалните мрежи е направена во една болница во Менхетен- Њујорк.
Медицинскиот персонал се жали дека се справува со недостиг од заштитна опрема, па медицинските сестри се принудени да носат кеси за ѓубре за да се заштитат.
Дел од медицинските сестри ги обвинија надлежните дека токму од таа причина еден од нивните колеги починал..
„Болницата го уби и треба да одговара за тоа“, рече една од медицинските сестри.






