Премиерот Зоран Заев денеска побара затворена седница парламентот за да го образложи договорот со Бугарија.
На комисијата за европски прашања тој побара од спикерот Џафери за вторник да закаже седница на која новинарите нема да можат да присуствуваат а на која ќе биде презентиран текстот од договорот за пријателство со Бугарија.
„Го замолувам Собранието, во вторник, да свика седница во парламентот за да го образложам договорот за добрососедство со Македонија. Мојата намера е заедно да го разгледаме, па Владата да го разгледа, па јавно да го обелодениме и на крај да го потпишеме. Вие направивте многу како претходна власт, а ние треба да довршиме“, им се обрати премиерот на пратениците на опозицијата.
На барањето на Заев одговори претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој кажа дека за да се закаже седница владата мора да достави соодветни материјали во кои секако ќе биде и текстот на договорот кој засега е највисока државна тајна.
Дали седницата ќе биде отворена или затворена ќе се гласа на пленарна седница вели спикерот.
„Деловникот кажува кога може да се отвори седница, вие можете да ги класифицирате тие материјали и да ни ги доставите. Притоа, пленумот преку гласање ќе укаже дали седницата ќе биде отворена или затворена“, рече Џафери.
За договорот со Бугарија владата на ВМРО – ДПМНЕ активно преговараше цели 7 години, од 2008 година.





