Извршените тестови покажаа дека принцот Чарлс е позитивен на коронавирус.
Принцот од Велс (71), наследник на британската империја спаѓа во категоријата на висок ризик нпоради неговата возраст, пренесуваат медиуми.
Тој покажува благи симптоми, но инаку останува во добра здравствена состојба и работеше од дома во текот на последните неколку дена како и обично, соопштуваат официјално од кралското семејство.
Војвотката од Корнвол (Камила) исто така е тестирана, но нема вирус. Во согласност со владините и медицинските совети, принцот и војвотката сега се самоизолираат дома во Шкотска.
Невозможно е да се утврди од кого принцот го добил вирусот со оглед на големиот број ангажмани што тој ги имал во последните недели.
Загриженоста за наследникот на брританскиот трон се појави минатата недела кога беше соопштено дека принцот Алберт од Монако се тестирал позитивно за болеста.
Тие беа на вечера во Лондон на почетокот на март.






