Голем пожар кој изби околу 2 часот по полно, ја зафати зградата во која се наоѓаат просториите на ТВ ВИС во Струмица.
Од телевизијата пренесуваат дека пожарот ги зафати телевизиското студио и техниката, но и останатите фирми сместени во зградата.
Поголем дел од опремата е изгорен, а дел е уништен од водата за време на гасењето на огнот, пренесе Макфакс.
(Фото: ТВ ВИС)





