Министерот за надворешни работи Никола Димитров користи различни формулации за граѓаните на Република Македонија кога се обраќа до своите колеги во Бугарија и во Грција.
„Благодарен за помошта на нашите бугарски пријатели @ВладаБугарија, а особено до @ЕЗахариеваМНР за нејзиниот личен ангажман и поддршка на нашите напори за безбеден транзит на македонските граѓани до дома. Вистинска солидарност и добрососедски односи“, твитна тој во „благодарницата“ до источниот сосед.

„Благодарност до нашите грчки пријатели и особено до @НикосДендијас за поддршката на нашите напори да ги одведеме граѓаните на Северна Македонија безбедно дома, секогаш кога е можно. Конкретна соработка во духот на добрососедството, заемната поддршка, пријателство и разбирање! @МНРГрција“, вели Димитров во твитот до грчкиот колега.

„Уште си под притисок да газиш на јајца во однос на Грција, Никола?“, прашува твитерџијата Марио Христовски.






