Пејачка од САД зготви тавче гравче: Македонски пријатели, се надевам дека ве направив горди

Сара Ароесте, ладино пејачка од САД, која пред десетина дена престојуваше во Македонија, им се пофали преку Твитер на македонски пријатели со направеното тавче гравче во својот дом.



„Македонски пријатели, се надевам дека ве направив горди. Моето удобно готвење на денот: тавче гравче тукушто извадено од рерната“, твитна Ароесте.

Светски познатата ладино и сефардска музичарка при посетата на родниот град на нејзиниот дедо, Битола, сними еврејски песни што ги пееле Евреите од овие простори пред Втората светска војна, а кои се популарни и денес кај еврејската заедница.