Земјите членки на ЕУ постигнаа политички договор за отпочнување пристапни преговори со Макдонија и Албанија, соопшти еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.



„Задоволен сум што земјите членки на ЕУ денеска постигнаа политички договор за отворање преговори со Албанија и Северна Македонија. Им честитам на двете земји, напиша на Твитер Вархеји.

Ова е гласна и јасна порака до Западен Балкан додаде тој и порача: „Вашата иднина е во ЕУ“.