Кавга кој треба да забрани движење на граѓаните на Косово


Претседателот Хашим Тачи побара Уставниот суд на Косово да ја поништи владината одлука за забрана на движење на граѓаните заради ширење на коронавирусот.



Тој смета дека таквата одлука не е во надлежност на владата, туку на косовскиот претседател.

Тачи ќе ги достави до Уставниот суд и сите други решенија на владата на Албин Курти за кои тој тврди дека се спротивни на Уставот.